Новогодишен базар што ќе трае 15 дена, а во текот на викендите приредби за најмладите, но и концерти, забава и рекреација за возрасните, предвидува Град Скопје за убава новогодишна атмосфера во градот.
Проектот е замислен преку изведба на штандови наполнети со топли пијалаци, храна, книги и новогодишни играчки и украси да ја долови и доближи соодветно новогодишната еуфорија. За таа цел, како што објаснуваат од Градот, преку оградена снежна зона со топ што создава снег ќе се забавуваат најмалите посетители. Ќе биде поставено и пластично игло каде што ќе има различни активности додека траат настаните, вклучувајќи и работилници за деца од претшколска возраст. Децата ќе можат да се возат бесплатно на новогодишното вовче низ штандовите, пренесува Слободен печат.
Воедно ќе има и натпревар во изработка на скулптури со претходно одредена тематика од блокови мраз е новитет што досега кај нас не се реализирал. За да се долови целосно новогодишната атмосфера, се предвидуваат маскирани забавувачи што ќе ги анимираат и забавуваат граѓаните и ќе се фотографираат со посетителите.
Пред извесно време градоначалникот Петре Шилегов на седница на Советот, најави дека оваа година ќе организира дочек на Новата година.
– Оваа година ќе има прослава, знам и кој ќе пее и се ќе биде подготвено. Ќе го видите Скопје како никогаш досега, бидејќи скопјани го заслужуваат тоа – изјави градскиот татко.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












