Младите од Гази Баба во Хрватска учеа нови техники за справување со кризи

403

Млади од општините Гази Баба и Нова Градишка од Хрватска разменија искуства како да станат солидарни во време на кризи и елементарни непогоди. Настанот се одржа во Нова Градишка каде се реализираше проектот “Солидарни млади во време на кризи” на тема Активни млади во време на криза се движечката сила за подобра иднина!

Од општина Гази Баба информираат дека учесниците во овој проект имале можност да разменат искуства на оваа тема, научија нови техники за справување со природни непогоди и имаа сеопфатна дискусија за како подобро да се разбере важноста на солидарноста во време на кризи.

– Сите учесници без двоумење се согласија за клучната улога која ја имаат младите волонтери во времето на кризи. Учесниците од Македонија и Хрватска за време на работилницата што беше организирана развија акциски чекори за како подобро да се одговори во време на кризи и природни непогоди и подобрување на соработката на локалните власти со младите волонтери. Се дискутираше за постраумтскиот стрес што луѓето го имаат по големи природни катастрофи и колку е важно да се работи на тоа поле, односно луѓето да добиваат соодветно психолошко советување по вакви големи кризи и природни непогоди – велат од општина Гази Баба.

Ивана Трупина, градоначалничката на Нова Градишка го искажала задоволството на оваа хрватска општината што е дел од овој проект и има можност да размени искуства со претставниците од општина Гази Баба од Македонија. Таа истакнала дека Македонците и Хрватите имаат многу заеднички нешта што ги поврзуваат и се надева на успешна и долга соработка.

Македонија и Хрватска се земји со долга историја во кризни ситуации кои што покрај човечкиот фактор (политички и социјални проблеми, вооружени конфликти), голема улога имаат и природните непогоди (земјотреси, поплави, пожари).

– Без сомнеж, поплавите во Скопје (2016) и Хрватска (2014), но исто така и бегалската криза оставија зад себе 30 жртви и повеќе од 300 повредени луѓе. Младиинфо Интернационал заедно со Волонтерски центар Славонски Брод и претставници од општините Гази Баба и Нова Градишка низ проектот „Солидарни млади во време на кризи и природни непогоди” најпрво работеа на онлајн и офлајн мапирање на национални и локални државни органи и релевантни засегнати страни кои се одговорни за итни одговори во време на природни непогоди и кризи – истакнуваат од општина Гази Баба.

За македонските учесници била организирана посета во големиот индустриски парк во Нова Градишка важи за една од најпривлечните бизнис зони во Хрватска.