Во Скопје утре ќе се трча првата “Бич ран” трка на плажа

797

Во Скопје утре ќе се трча првата “Бич ран” прва од серијата на трки што ќе се реализираат на пет туристички локации покрај вода во Македонија. Од организаторите “Прв до врв” велат дека се работи за трките се наменети за сите кои трчаат или сакаат да трчаат ова лето на предвидените локации во проектот.

– Летната лига во трчање започнува денеска во Скопје, а потоа следуваат трките во Претор на 23 јуни, Дојран на 7 јули, Маврово на 22 јули и завршната трка во Охрид на 29 јули. Првите три трки се на 5 километри, а потоа се трча полумаратон во Маврово и трка на 10 километри на финалниот натпревар во Охрид – информираат од “Прв до врв”.

Во трките кои се дел од серијата “Бич ран 2018” може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број на бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

– За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден награден фонд во вредност од 164.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, а првите три места во вкупен пласман по сите пет трки освојуваат, трето место ваучер за спортска опрема во вредност од 6.000 денари, второ место ваучер за спортска опрема во вредност од 12.000 денари и прво место премиум спортски часовник во вредност од 34.000 денари – истакнуваат од “Прв до врв”.

Пријавувањето за учество во “Бич Ран 2018” е преку веб страната на www.prvdovrv.mk. На ланското издание на серијата трки во Скопје, Претор, Дојран, Маврово и Охрид, учествуваа 500 учесници со што летната понуда на овие дестинации доби нова спортска и рекреативна содржина наменета за туристите и локалното население.