Кузмановски: Испуштивме голема шанса, сега мораме до победа со Австрија

671

Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да ја запиша втората победа на Европското првенство со која ќе беше поблиску до втората фаза на овој континентален собир. Во рамки од второто коло од групата Б, нашите момци изгореа во желба да ѝ сервираат одмазда на Чешка и го забележаа првиот пораз на овој собир (27-25).

Организаторот на играта на Македонија, Филип Кузмановски жали за пропуштената шанса против Чесите и спортски му честита на противникот на победата.

„Честитки за противникот одигра одличен натпревар, имаше неколку ракометари кои ни правеа многу проблеми во одбраната. Плус го разигравме десниот бек кој е нивниот најдобар шутер, а свои моменти имаше и нивниот голман. Со овој пораз до втора фаза ќе се бориме по потешкиот пат, а тоа е победа против домаќинот Австрија“, рече ракометарот на Магдебург.

Последен противник на Македонија во првата групна фаза е домашната селекција на Австрија, натпревар кој се игра за два дена со почеток од 18:15 часот.