Мила Кунис: Ештон се уште се гледа со Деми Мур, немам проблем со тоа!

2066

Мила Кунис вели дека има среќен и отворен брак со Ештон Качер и дека нејзиниот сопруг имал “вистинска и квалитетна врска” со актерката Деми Мур, како и дека и понатаму се гледа со нејзините ќерки.

Мила и Ештон се во брак веќе осум години, а претходно славниот актер бил во заедница со 55-годишната холивудска ѕвезда Деми Мур.

“Тие заедно ги одгледувале трите деца, тоа било вистинска врска и вистинско семејство. Иако Ештон бил доста помлад од неа, тој навистина ја сакал и уживал во тоа”, вели Кунис.

Актерката потврдила за списанието “People” дека тој и понатаму е во контакт со ќерките на Деми Мур и Брус Вилис и одговорила на прашањето дали чувствува дека била судбински предодредена да биде заедно со Ештон уште од тинејџерските денови.

“Не, мислам дека не бевме. Да бевме заедно додека ја снимавме серијата “That ’70s Show”, никогаш немаше да стигнеме дотука. Не бевме исти тогаш и сега”, објаснила актерката.