Полицијата во понеделникот ги пронашла тројцата малолетници кои избегаа од Домот „25 Мај“ во четврток минатата недела. Сите се пронајдени во Скопје.
„Штитениците престојувале кај биолошки роднини. Сега се вратени и исто како и сите други штитеници од Домот, сместени се во мали групни домови“, кусо изјавија за „Макфакс“ од Министерството за труд и социјална политика.
Штитениците беа исчезнати пет дена. Во петокот попладне, минатата недела, вработен во Домот „25 Мај“ во Полициската станица Чаир доставил писмено известување дека тројца штитеници на возраст од 11, 14 и 16 години во четвртокот околу пладне се оддалечиле во непознат правец.
Полицијата ги бараше штитениците четири дена.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















