Фаучи го демантира Трамп

136

Водечкиот американски епидемиолог Ентони Фаучи го демантира тврдењето на претседателот Доналд Трамп дека коронавирусот е смртоносен исто колку и грипот.

Тој потсети дека симптомите на овие две болести се слични, но дека штетата која ја нанесува коронавирусот значајно поинаква од онаа што ја предизвикува грипот, пренесе Ен-Би-Си њуз.

Трамп претходно на Твитер напиша дека доаѓа сезоната на грип и дека многу луѓе секоја година умираат од грип, а дека тоа некогаш е и повеќе од 100.000 луѓе и покрај вакцината.

„ Дали ја затворивме државата? Не, научивме да живееме со грипот, токму како што научивме да живееме со коронавирусот, кој кај поголем дел од популацијата е помалку смртоносен“ напиша Трамп.

Фаучи оценува дека неодамна ширењето на инфекцијата во Белата куќа можело да се спречи.

Откако Трамп објави дека е позитивен на Ковид-19, исти резултати добиваат се повеќе негови блиски соработници, а заразена е и првата дама Меланија Трамп.