Холивудската актерка Мила Јововиќ го роди своето трето дете во својата 45-та година, a само еден ден претходно на Инстаграм напиша дека е многу нервозна.
„Смешно е што мислев дека да се роди трето дете е нешто смешно. Но, морам да признаам дека сум многу нервозна. Се надевам дека следната објава ќе ми биде со ќеркичката. Посакајте ми среќа, напиша актерката.
Инаку, ѕвездата од филмот „Петтиот елемент“ во едно интервју неодамна откри дека пред две години имала спонтан абортус.
„Она што го доживеав, на никого не би му го посакала. Не ми дадоа никаква анестезија, морав да бидам будна во текот на целата постапка. Тоа беше едно од најстрашните искуствa кое некогаш сум го доживеала, кажа тогаш Мила.