Љубовниот живот на пејачот на братското дуо „Некст тајм“, Стефан Филиповски, деновиве е актуелен во домашните медиуми, откако естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ откри дека тој наводно е во врска со манекенката Маја Ристеска.
По оваа шпекулација, Стефан и Маја не се огласија со демант или потврда, а приказната остана само на претпоставки дека тие се новата позната македонска двојка.
Неколку дена подоцна, Стефан како да сакаше да ги подгрее ваквите информации или дискретно преку социјалните мрежи да потврди дека помеѓу него и Маја навистина се родила љубов.
Имено, тој на својот Инстаграм „стори“ објави фотографија во домашен амбиент со фокус во ТВ приментикот на кој во моментот се емитува спот во кој Маја има улога.

Дека песната и не баш му била важна, туку ликот на манекенката, потврдува знакот за исклучени волумен на телевизорот. Освен тоа, го означи нејзиното име и остави симбол од неколку ружи.
ФОТО:СТЕФАН ФИЛИПОВСКИ/ИНСТАГРАМ
Пејачот и манекенката полека, полека почнаа да откриваат дека навистина има нешто повеќе меѓу нив, а кога појасно ќе ја покажат љубовната искра, останува да видиме…








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)





![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)



