Ако се навратиме на последните Европски првенства, првите натпревари се секогаш тешки за играње, постои нескриен притисок, па скоро и да нема правило дали е подобро на стартот да играме со послаб или поквалитетен противник.
Еден од нашите адути во Виена е Дејан Манасков. Репрезентативното крило игра во голема форма, веќе е лидер во националниот дрес и тврди дека во Словенија селекцијата добро се подготви за ова Европско првенство.
„Добро се подготвивме деновиве, одигравме два натпревари во Словенија, а и селекторот им даде можност на сите репрезентативци да покажаат што знаат. Мислам дека сме подготвени за Украина, почнавме и со видео анализи и последниот ден ќе го искористиме да ги анализираме противничките ракометари до најмалиот детаљ“, вели ракометарот на Веспрем.
Манасков пред неколку недели го продолжи договорот со Веспрем и ќе остана да го носи дресот на унгарскиот шампион. Ова за него е петто Европско првенство, а дебитираше во Ниш пред осум години на за нас историскиот шампионат на кој завршивме на петтото место.
ПОВРЗАНО:
Столе Стоилов, голобрадото момче од Ниш сега е „лавовско срце“ на Македонија
Талески: Нема паника, нема еуфорија, зрели сме да си ги оствариме соништата!












![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)





















