Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за три позиции на листата на ФИФА. Македонија минатиот месец ја победи Летонија и ремизираше со Словенија во првите два квалификациски натпревари за пласман на ЕВРО 2020, поради што напредуваше до 68-та позиција на ФИФА-листата.
Според најновото рангирање на ФИФА, Македонија е четврта по рејтингот во квалификациската група за пласман на Европското првенство. Пред Македонија се Полска (20), Австрија (34) и Словенија (63), а зад „црвено-жолтите“ се Израел (84) и Латвија (133).
На врвот на листата е Белгија, пред Франција, Бразил и Англија. Англичаните ја имаат најдобрата позиција на листата, исто како и Уругвај.
Топ 10, ФИФА листа:
1. Белгија 1737
2. Франција 1.734
3. Бразил 1.676
4. Англија 1.647
5. Хрватска 1.621
6. Уругвај 1.613
7. Португалија 1.607
8. Швајцарија 1.604
9. Шпанија 1.601
10. Данска 1.568









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












