Дупка во приказните на жртвите на Мајкл Џексон, неговиот биограф тврди дека тоа е лага

756

Документарецот “Leaving Neveland” и приказните на Џејмс Сејфчук и Вејд Робсон кои го обвинија Мајкл Џексон за сексуално насилство ги откри мрачните тајни на кралот на поп музиката.

“Беше нежен, мил, ми помогна во кариерата и со мојата креативност, но истовремено и сексуално ме злоставуваше кога имав само седум години”, изјавува на почетокот на филмот Робсон, а истите обвиненија ги потврдува и Сејфчук.

Тој го запознал Џексон на заедничко снимање на реклама и многу брзо се зближиле.

“Мислам дека беше среќен со мене. Се смееше, бевме пријатели на некој начин”, ја почнува својата приказна Џејмс, кој Мајкл за првпат го раздели од родителите кога фризерката на Џексон го довела во неговата соба да се запознаат. Набрзо Џексон по телефон често го бараше семејството, ги повикувал на вечера, им давал пари, а сето тоа за да го види малиот Џејмс.

Многумина после објавувањето на филмот одлучиле да ги споделат своите мислења, теории, поддршка или детали со јавноста па така и биографот на Мајкл Џексон, Мајк Смалкомб одлучи да проговори. Конкретно да ја сруши приказната на жртвите.

“Железничката станица во Neverland, градбата во која Сејфчук тврди дека се случувало силувањето е изградена две години откако, според зборовите на жртвите, нивниот однос престанал”, рекол Смалкомб и со тоа повторно ја разбранува приказната за кралот на поп музиката и неговото мистериозно однесување со децата.

Биографот на Џексон додаде и дека претходните искази на Сејфчук на суд против Џексон биле отфрлени како непотполни и дека сето тоа е лага.

,