Простувањето претставува специфична точка на баланс меѓу среќата и омразата, а носи огромна можност на ослободување.
Трчајќи низ деновите со сиот свој товар, често носиме и преголем товар на себе. Не се ни прашуваме зошто е тука, зошто ни тежи толку многу. Тоа е насобрана болка, очај, стрес, немир.
Постојано наоѓајќи се на средина во борбата меѓу доброто и злото, обичниот човек мора да ја пронајде точката меѓу среќата и ведрината од една страна, и омразата и бесот од друга страна. Мораме да се ослободиме од негативните чувства, а да додадеме повеќе на позитивните. Си го должиме тоа себеси.
Но, како да го направиме тоа?
Полесно е одошто мислиме.
Иако носиме огромна гордост во себе, сепак треба да знаеме дека некои работи само нè спречуваат да бидеме среќни. Една од тие работи е и насобраниот стрес кон луѓето кои не навредиле или повредиле. И тие можеби продолжиле со својот живот, но ние сме заковани со омразата и болката и мислиме дека така ќе им покажеме. Но, само си наштетуваме себеси.
Простувањето има огромна моќ- во него лежи свесноста за нашиот потенцијал, напорот да направиме нешто добро за себе, но и моќта која некогаш не сме ни свесни дека ја имаме. Тоа претставува свесна одлука со што се ослободуваме од товарот и желбата за одмазда, и продолжување напред. Тоа дава можност да се ослободиме од сите негативни чувства кои ги имаме кон одредена личност и конечно да ја заборавиме.








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)









![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











