Владејачкото парламентарно мнозинство на Унгарија донесе нов закон со кој се забранува промена на полот во личните документи.
Предлог-законот беше поддржан од 133 пратеници од коалицијата на премиерот Виктор Орбан. Во парламентот со 199 места, 55 пратеници гласаа против, а четворица беа воздржани.
Претседателот Јанош Адер се очекува да го потпише законот за неколку дена и тој ќе стапи во сила.
Според изгласаниот текст, во личните документи на унгарските граѓани отсега ќе биде наведено „пол по раѓање“ наместо само „пол“. Тоа значи дека и лицата кои по медицинска интервенција го промениле својот пол, нема да можат тоа да го наведат во своите лични документи.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















