Мајка монструм од Македонија: Си ја продавала малолетната ќерка, ја терала на проституција!

758

Четиринаесетгодишна штипјанка вплетена во мрежа на проституција. Агонијата на малолетното девојче започнала  пред три години кога ја омажиле во Шведска.

Невенчаниот сопруг наместо да се грижи за единаесетгодишното девојче, почнал да ја продава за пари. Како и кој ја информирал шведската полиција за случајот, засега е неизвестно, но девојчето било пронајдено и веднаш било екстрадирано во Македонија.

Но агонијата не престанала. Откако се вратила дома,наместо да ја заштитат за пари почнале да ја продаваат мајка и и брат и. Најчесто обслужувала средновечни и постари мажи, а за возврат добивала од 1000 до 1500денари. Парите веднаш завршувале кај мајката, која освен за живот, со нив плакала лихва на познати штипски лихвари кои често пати и тие и наоѓале клиенти. Откако девојчето повеќе не можело да го издржи ваквиот живот, решила да стави крај на својата голгота и случајот сама го пријавила.

Засега деталите за оваа грозоморна приказна се само шпекулации. Алфа се обрати до сите надлежни институции. Во СВР пријава за малолетничка проституиција нема. Случајот е пријавен во МВР кои во координација со Јавен обвинител и МТСП постапуваат по случајот.

Од штипскиот Центар за социјални работи ниту ја потврдуваат , ниту пак ја демантираат информацијата. Не упатија до Министерството за труд и социјална работа. Од таму пак само кратко одговорија , дека работат на случајот и детето е на сигурно

И додека институциите молчат, штипјани се згрозени од приказната  и агонијата што цели три години ја живеела нивната малолетна сограганка.

Ова не е прв случај на малолетничка проституција во Штип. Пред девет години беше откриен цел синџир на педофилија. Мета на макроата им беа две осмооделенки кои за одредена финансиска надокнада обслужуваа бизнисмени од целата држава. Тогаш затворски казни заработија седум лица.