Јапонскиот суд го осудил шефот на мафијашката организација Кудо-каи, 74-годишниот Сатору Номура на с*рт.
Номура е осуден бидејќи наредил у*иства и напади на три лица во периодот од 1998-ма до 2004-та година.
“Ќе жалиш за оваа одлука до крајот на животот”
Мафијашкиот шеф на судењето ги демантирал обвиненијата, но судот во округот Фукуока не му поверувал и го осудил на с*рт. Јапонските медиуми јавуваат дека таквата пресуда е своевидно изненадување со оглед на тоа дека немало докази кои го поврзувале Номура директно со нападите.
“Побарав чесно судење…Ќе зажалиш за оваа одлука до крајот на животот”, му рекол Номура на судијата кој го осудил.

Наредил убиство на шефот на рибарско здружение, напад со нож на медицинска сестра…
Номура е осуден бидејќи, според пресудата, 1998-ма година го наредил у*иството на поранешниот влијателен шеф на рибарско здружение. Му се судело за напад на роднина на жртвата, и за напад со нож на медицинска сестра во клиника во која се лечел, јавуваат јапонските медиуми.
На Номура на товар му се става и напад од 2014-та година кога бил застрелан полицаец кој ја истражувал неговата мафијашка организација. Полицаецот преживеал, но се здобил со тешки повреди.

Обвинителите тврделе дека сите напади ги извеле припадниците на организацијата Кудо-каи, на чие чело бил Номура.
Јапонија е една од ретките развиени земји која се уште не ја укинила с*ртната казна. Јавната поддршка за см*тна казна во Јапонија и натаму и висока и покрај критиките од меѓународната јавност и здруженијата за човекови права.
