Актуелниот селектор на Хрватска, а своевремено и предводник на Македонија, Лино Червар вчера го соопшти списокот на патници за Мундијалот во Германија и Данска.
Искусниот стратег на прес-конференцијата пред заминувањето говореше за очекувањата од првенството и даде кратка анализа на противниците, меѓу кои и Македонија.
„Селекцијата на Македонија ќе биде сигурно мотивирана со оглед на тоа што ќе има бројни навивач, како и нашата селекција која очекувам да ја бодрат многу навивачи во Минхен“ изјави Лино.
Хрватска е во групата Б со Шпанија, Исланд, Бахраин, Јапонија и Македонија против која игра во 3. коло на 14. јануари.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















