Ленче Ристоска: Катица Јанева нема да го загрози интегритетот на СЈО

266

Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство Ленче Ристоска придружувана од колегите обвинители, порача дека постапките на поединци не смеат да го загрозат интегритетот на постапките на ова обвинителство. Ристоска се обрати во име на целиот персонал на СЈО. Кажа дека денеска нема стапено во контакт со Катица Јанева, а за нејзината оставка, вработените во СЈО дознале во исто време кога таа да се објави во јавноста.

Денес не стојам овде само во лично име. Стојам во име на сите обвинители, Рустеми, Донев и Фетаи кои се на годишен одмор. Стојам и во име на целиот истражителски тим на СЈО и на стручната служба. Сакам да Ве уверам сите дека наш примарен интерес е зачувување на интегритетот и дека секогаш како вработени сме постапувале согласно законските прописи и сме се труделе да бидеме на ниво на задачата. Ние стоиме зад работата која сме ја завршиле до сега, Ве уверувам дека сите постапки не се доведени до прашање од причина што нашите постапувања во нив биле во рамки на законските прописи. Сакам да Ве информирам дека ние внимателно ги следиме случувањата и се разбира дека изразуваме голема загриженост, но сепак апелираме да се почитува презумпцијата на невиност. Сакам да потенцирам дека се придружуваме на повисок на јавниот обвинител секое лице да пријави криминални активности, и ги поздравуваме ваквите активности да ги истражат, изјави Ленче Ристоска, обвинителка во СЈО.

Ристоска порача дека се отворени за соработка со колегите од Обвинителството за организиран криминал.

Уште еднаш би сакала да потенцирам сите сомненија кои инволвираат поединци не смеат да го загроат интегритет во постапките. Работата на СЈО останува верувам дека во иднина ќе имаме осудителни пресуди. Дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на целата институција. СЈО е институција во која работат и обвинители и истражители со висок интегритет,рече Ристоска.

Дополнителни детали, обвинителката Ристоска кажа дека не смее да соопшти со оглед на тоа што во тек е истражна постапка.

За тој што се огрешил пред законот одговорност мора да има. Сите се еднакви пред Уставот и законите и не ретерираме, затоа сме тук,а да покажеме да се најде доколку постои одговорност, но мора да ги почитуваме постапките и презумпцијата на невиност и длабоко веруваме дека интегритетот на обвинителството нема да биде загрозен.

loading...