Додека коронавирусот се шири низ светот, докторите не само што мора да се борат за животите на пациентите, туку мора да се борат и против лажните вести кои се шират како огнена стихија.
Поради ова, угледниот германски виролог Кристијан Дростен и повеќе од 100-тина доктори и останати здравствени работници се обратија до јавноста со отворено писмо.
„За спасувањето на животи и враќање на довербата во лекувањето засновано на науката, неопходно е технолошките гиганти да престанат да шират лаги, извртени информации и фантазии кои не доведуваат во опасност“, пишуваат авторите.
Според нив, технолошките компании имаат „многу големо влијание“ и се одговорни за сузбивањето на „смртоносното ширење на лажни информации“. Германските доктори бараат од Фејсбук, Гугл, Твитер и останатите „интернет гиганти“ да го спречат ширењето на лажните вести во врска со коронавирусот.

Како што пренесуваат германските медиуми, повод за објавувањето на ова писмо е актуелната пандемија на коронавирусот, во која лажни вести како таа дека кокаинот е лек против вирусот, или Ковид-19 е развиен како биолошко оружје, побрзо се шират од самиот вирус.
Во писмото е наведено дека напорите на технолошките компании во сузбивањето на лажните вести не се ниту приближно доволни. Тие не само што на платформите го овозможуваат ширењето, туку и заработуваат од тоа.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

