Лиле Стефанова: Катица Јанева потпишуваше за пуштање од куќен притвор и враќање на пасоши

187

На денешната вонредна прес-конференција изјави за медиумите дадоа Ленче Ристоска и Лиле Стефанова од СЈО, поврзано со рекетот на бизнисмени каде обвинители од СЈО се вмешани.

Согласно законот за СЈО сите одлуки, секој спис кој излегува единствено го потпишува Јанева. Или во нејзино име овластени обвинителите. Јас нема потпишано ниту една одлука излезена од ова обвинителство. Ниту мислењата за пуштање од куќен притвор, ниту враќањето на пасошите на Панделески и камчев, изјави специјалната јавна обвинителка Лиле Стефанова и повторно демантираше дека во нејзиниот дом е извршен претрес.