Лазаров за Червар: Не бевме свесни кого имавме се додека не го загубивме

846

Капитенот на македонската ракомета селекција, Кире Лазаров во пресрет на мечот против Хрватска, за тамошните медиуми зборуваше за односот и периодот минат со Лино Червар кој сега е селектор на „коцкестите“

„Мое мислење е дека не бевме свесни кого имавме, а сфативме дури откако го загубивме“ вели Лазаров за 24сата.хр и во продолжение вели:

„Горд сум и пресреќен што Лино беше наш селектор и што со години беше дел од македонскиот ракомет. Тој направи големи работи за нашиот ракомет па поради тоа сите го сакаат. Низ неговите раце во Металург поминаа две генерации наши ракометар. Се што работеше во Скопје беше одлично и тоа никогаш нема да го заборавиме. Тој „гурна“ неколку играчи кои беа потполни „анонимуси“. Никој немаше слушнато за Талевски, Кузмановски, Неловски, Крстевски, Дрогришки, Велковски, Томовски“