Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги заврши настапите на Светските првенства (СП), а можеби и својата репрезентативна кариера во дресот на Македонија.
Десниот бек кој е најтрофеен ракометар во нашата историја последниот мундијалски танц го заврши во свој стил – како најдобар. Лазаров беше прв стрелец во Македонија со седум гола, а исто така ја доби и наградата за играч на натпреварот.
Штета што не го круниса крајот онака како што му доликува, со подобри игри на Мундијалот од страна на целиот тим, или, најмалку, со победа над Белорусија. Сепак, Лазаров ќе се памети како еден од најголемите ракометари кои играле на Светските првенства.
Македонската ракометна легенда зад своето име има низа рекорди на Мундијалите, меѓу нив и она за најдобар стрелец на едно СП, со 92 постигнати гола на светскиот ракометен настан во Хрватска во 2009 година.







![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)







![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-218x150.png)




![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)















![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-100x70.jpg)
![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-100x70.png)


