Кристина Димитриевска се „препушти“ во негови раце и направи промена – како ви се допаѓа?

125

Македонската мисица Кристина Димитриевска го привлекува вниманието каде и да се појави, како со својата убавина така и со својата харизма, а многумина ја нарекуваат „скромна“ девојка.

И тоа со причина. Димитриевска досега се заќити со неколку награди, a меѓу нив и „Мис на Балканот“ и „Мис карантин во светот“.

Манекенката е доста активна на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии позирајќи за своите професионални цели, ги известува оние кои ја следат што има ново, одговара на прашања на следбениците…

Иако најчесто добива суперлативи за нејзиниот изглед и сите ја фалат дека изгледа бомбастично и супер,мисицата овој пат одлучи да направи промена.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИЕВСКА

Имено, таа ја промени бојата на нејзината коса, Димитриевска ја осветли косата, па повеќе не е „црнка“.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИЕВСКА

Таа со новиот имиџ веднаш се пофали на социјалните мрежи, а истакна дека за промената се препуштила на рацете на на кралот во нашата земја, фризерот Марјан Петров.

-Доколку правите промена.. тогаш промената нека биде на подобро!“, пишува мисицата во описот на фотографијата.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/КРИСТИНА ДИМИТРИЕВСКА

Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари истакнувајќи дека е најубава.

Како ви се допаѓа Кристина со новиот имиџ?