Каков шлаканица од Брисел: Претставници на ЕУ не сакаа да се сретнат со Помпео?! Посетата е откажа во последен момент

84

Американскиот државен секретар Мајкл Помпео го откажа своето патување во Европа во последен момент, откако министерот за надворешни работи на Луксембург и високи претставници на Европската унија одбија да се сретнат со него, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на дипломати запознати со ситуацијата.

Во соопштението на Стејт департментот на САД претходно беше наведено дека патувањето е откажано поради трансферот на власта пред Џо Бајден да стапи на должност на 20 јануари

Министерството за надворешни работи на Луксембург потврди дека посетата е откажана, додека институциите на ЕУ одбиваат да коментираат, пренесува Радио Слободна Европа.

Во Брисел, Помпео требаше да се сретне со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на приватна вечера.