Фронтменот на бендот “Coldplay”, Крис Мартин, признал дека бил потполно скршен по разводот од Гвинет Палтроу, пренесува “Daily Mail”.
Славниот пар бил во брак десет години се’ до разводот во 2014 година.

Како што рекол во документарецот “Coldplay: A Head Full of Dreams”, Крис по разводот се чувствувал “безвредно и неважно”.
“Се чувствував лошо бидејќи не можев да им се радувам на убавите работи околу себе. Не сум еден од оние кои се жалат и тагуваат, но ми беше многу тешко”, додал тој.

Останатите членови на британскиот бенд “Coldplay”, Џони Бакленд, Гај Беримен и Вил Чемпион наводно биле многу загрижени за здравјето на Мартин.
“Некогаш помислував на најлошото сценарио. Бев толку загрижен за него што ми беше драго кога ќе ми пратеше порака или ќе ми се јавеше да ми каже дека е добро”, изјавил менаџерот на бендот, Фил Харви.

Парот и по разводот останал во пријателски однос и честопати е забележуван во јавноста. Крис Мартин е моментално во врска со актерката Дакота Џонсон, додека неговата поранешна сопруга Гвинет, минатиот месец се венчаше за продуцентот Бред Фалчук.













![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Се урна српски воен авион: Црн дим и оган на местото на падот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/5yRi7-8-218x150.png)

![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


















![[ВИДЕО] Историска средба меѓу Трамп, Ши и Путин во Кина](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xARfR-4-100x70.webp)


