Леброн Џејмс е пред уште еден пораз во големите НБА финалиња откако неговиот Кливленд има негатива од 3:0 во финалната серија со Голден Стејт, а во ситуација кога се исчекува четвртиот меч на кој домаќините исто така ќе бидат Кавалирски, низ американските медиуми веќе на големо се шират шпекулации и претпоставки околу тоа во кој тим ќе настапува „кралот Џејмс“.
Повеќе од веројатно е дека ова ќе биде последна сезона за Леброн како член на Кливленд, не само поради тоа што ја има улоата на слободен агент, туку и поради фактот што мали се шансите раководството на клубот да му понуди проект во кој ќе има навистина силни соиграчи. Поради тоа, многу НБА клубови веќе со големо внимание ја следат ситуацијата на феноменалниот Леброн, а сега во центарот на јавноста се најде неговиот поранешен соиграч Крис Бош кој вели дека нов тим на Џејмс ќе биде Хјустон Рокетс каде би сочинил неверојатна тројка со Крис Пол и Џејмс Харден.
– Моето чувство од тоа што го познавам е дека ќе оди во Хјустон. А, тоа во превод значи дека ќе гледаме нова приказна на „Одмаздници“. Пресметките меѓу Голден Стејт и Хјустон ќе бидат како пресметки на супер херои во кои ќе си задаваат многу удари. Ова ќе биде најинтересно лето во историјата, со Леброн во тимот, Хјустон оваа година ќе ги победеше „воините“. Мислам дека Леброн ќе заврши како Дурент, ќе го избере најдобриот проект, а тоа за него е Хјустон, – вели Крис Бош кој стигна до два шампионски прстени со Леброн како соиграч во Мајами.






![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)









![[ВИДЕО] Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/FQZg1-screenshot-2025-11-10-064411-218x150.jpg)
![[ВИДЕО/ФОТО] Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за Домот](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/yfKjW-tuzla-dom-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Тројца загинати во катастрофалните поплави во Бугарија, прогласена вонредна состојба во повеќе региони](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/10/5FxCD-bugarska-poplave-830x553-1-218x150.webp)




















