Мачорот Рабл го прославил својот 30-ти роденден, што го прави една од најстарите мачори на светот, а воедно и најстар мачор во Велика Британија.
Рабл, живеел заедно со својата сопственичка Мишел. Рабл го прославил својот роденден со забава на која што присуствувале ветеринарите од Девон. За време на роденденот Рабл уживал во сите погодности. Нему му било овозможена неговата омилена храна, а добил и бесплатен преглед.

“Рабл е прекрасен мачор, но малку е пргав, што е невообичаено за неговата старост”, изјавила Мишел.
Мишел не знаела како да ја открие конкретната возраст на овој мачор, но затоа знаела дека го добила Рабл на нејзиниот 18-ти роденден, кога тој бил сеуште маче.
Градските ветеринари им пружиле огромна помош во одржувањето на здравјето на мачорот. Рабл поради својата старост страдал од висок крвен притисок, па затоа му било потребно редовно лекување. Најстарата мачка според Гинисовата книга на рекорди, е мачката Крем Паф, родена на 3 август 1967 година и живеела до 6 август 2005 година – неверојатни 38 години и три дена! Ние се надеваме дека сега мачорот Рабл ќе ги постави новите рекорди во светот.