Луѓе во очај ги бараат своите најмили во мртовечница во Атина

0
67

По катастрофалните пожари што го зафатија крајбрежјето на Атина, очајни луѓе ги бараат во мртовечница во Атина своите најблиски, кои се исчезнати. Спасувачи и доброволци продолжуваат да трагаат по копно и море за потенцијални нови жртви од најужасниот пожар досега што ја зафатил Грција во последните неколку децении.

Многумина изгореле до непрепознавање поради што ќе мора да се идентификуваат само преку ДНК-анализа и снимка од забите. На роднините им се даваат инструкции што да донесат во мртовечница за да може да се искористи за идентификување на нивните најблиски.

Според последните информации, бројот на загинати се искачи на 83 лица. Меѓу нив најмалку четворица се странски туристи, двајца Полјаци – мајка и син, еден Белгиец и еден Ирец, пренесе „Франс прес“.

Многумина, за да преживеат, влегле во морето и пливале со часови сè додека не пристигнале бродови за да ги соберат. Голем дел од нив се удавиле. Најлошо помина градот Мати, каде што има најмногу загинати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here