Красимир Каракачанов: Од Бугарија ќе испратам полк во Скопје да ги отстрани спомениците (ВИДЕО)

130

Во Скопје, тие се обидуваат да се вратат 1.000 години наназад за да и дадат легитимитет на теоријата за Коминтерна и по 1944 година за Титова Југославија, вели бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов во интевјуто за „Дарик радио“.

Тој вели дека Македонија мора да се придржува до договорот што го потпиша пред три години, и дека не треба да се потпише нов договор.

„Доколку е потребно, ќе им го испратам инженерскиот полк да ги отстранат сите споменици, кои не одговараат на историските факти“, рече Каракачанов.