Дарко Велковски, стандардниот фудбалски репрезентативец на Македонија кој игра за хрватскиот прволигаш Ријека ја ожени својата долгогодишна девојка, манекенката Тамара Чуприна, која е во поодмината фаза на бременоста. Пред да станат за прв пат родители, стоперот и манекенката законски ја официјализираа својата врска, а љубовта ја крунисаа со брак.

На венчавката која била од интимен карактер присуствувале само најблиските членови на семејствата и тесен круг на роднинии пријатели на младенците. Свадбената веселба се одвивала во еден познат локал, а на неа рассположението, радоста и среќата евидентни.

Најрасположена секако невестете, која речиси секој ден ја очекува семејната принова, но тоа не ја спречило манекенката со високо крената рака да запее и заигра со другарките и роднините.

Претходно, свадбениот валцер на младоженците со чаша в рака за – „наздравје“ на денот, на чинот, на сватовите, гостите, на сите… За среќен и долговече брак на младите и секако, многудетно семејство.

Но, пред веселбата да започне, како што е редот, чинот на венчавката треба да се изврши.

Велковски речиси никогаш не потклекнува пред нападите на противничките напаѓачи на голот за тимот за кој игра или репрезентацијата, ама брачната церемонија и невестата се нешто друго и… Дарко клекна на колена за да и ја стави венчалната бурма, која блесна на раката на неговата сакана Тамара.

Бурмата и „брачната игра“ како и фудбалската – без потпис не започнува, па затоа фудбалерот и манекенката чинот на склучување граѓански брак го заверија со потпис во матичната книга на венчани.

„Господин и госпоѓа“ – сподели Тамара, а свадбената забава тргна…

Инаку Тамара, која е помала сестра на некогашната манекенка, модел и ТВ водителка на „Бекстејџ“, Драгана Чуприна, ги изненади сите, откако во месец август 2021 год. објави фотографија од ултразвук на бебето и под објавата напиша:

Дарко и Тамара која наскоро треба да се породи очекуваат машко дете. Нека им среќна венчавката!






![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)







![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-100x70.png)



