Матео Ковачиќ направи перманентен трансфер во Челси и ја остави зад себе својата етапа во Реал Мадрид, за која очигледно има само една забелешка и натпревар кој самиот го посочува како „црна дамка“.
Хрватскиот играч за врска смета дека добил неправеден третман од страна на Зинедин Зидан кога е во прашање финалето во Киев против Ливерпул, бидејќи во сите претходни рунди добиваше минутажа и беше дел од тимот кој ги мина рундите во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето.
Ковачиќ не доби шанса во финалето со Ливерпул и тоа се покажа како негов последен меч за Реал, а ваквата одлука на Зидан по се изгледа се уште буди лоши спомени кај Матео.
– Беше убаво да се игра за Зидан, но мислам дека требаше да добијам шанса која ја заслужив. Заслужив да играм на третото финале против Ливерпул во Лигата на шампионите. Играв во сите претходни рунди и тоа беше главната причина за моето незадоволство. Но, таков е фудбалот, се разделивме без лоши мисли, – порачува Ковачиќ за „Фор-Фор-Ту“.