Еве како да знаете дали сте сè уште безбедни!
Научниците од Империјал колеџ во Лондон по спроведеното истражување предупредија дека имунитетот стекнат по прележан ковид-19 поминува брзо. Имено, тие направиле тестови за антитела на оние кои веќе се заразиле со новиот коронавирус, а по само три месеци, забележале пад на имунитетот за дури 26 проценти.
Британците имаа втор бран на почетокот на септември, а научниците велат дека само 4,4 проценти од заразените во тоа време имаат антитела денес.
Тие претпоставуваат дека имунитетот кон новиот коронавирус трае само неколку месеци и дека милиони сè уште се изложени на висок ризик, дури и ако се заразиле со вирусот.
Друга студија покажа дека луѓето кои биле позитивни на тестот и ги покажале следниве симптоми: кашлица, треска и губење на чувството за вкус и мирис, исто така имале најсилни антитела. Од друга страна, старите лица и оние кои имале асимптоматска инфекција, исто така, имале најслаби антитела.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















