Страшна глетка: Семејството се шокирало кога го видело егзотичниот предатор на прозорецот! (ВИДЕО)

144

Семејството слушнало врева од таванот, а таткото се пошегувал дека на нивниот покрив веројатно живее змија, кога се покажало дека е во право, сите биле во шок

Дијамантскиот питон долг три метри живееше на покривот на едно австралиско семејство во Нов Јужен Велс скоро една година, пред конечно да се извлече од куќата.

Пета Нортон и нејзиниот сопруг ја снимиле змијата како се лизга од дупка на покривот и низ прозорецот на нивната куќа во Вајоминг во петокот вечерта.

Неверојатно видео на кое се гледа како питон се лизга низ прозорец, го објави Пета на Фејсбук.

– Се сомневавме дека може да има питон на нашиот покрив а вечерва нашите претпоставки беа потврдени – напиша таа во описот на видеото. Таа објасни дека скоро една година слушнале бучава од таванот, а нејзиниот сопруг се пошегувал дека живее на покривот змија.

Змијата била долга околу три метри, а овој вид влекачи може да порасне и до четири метри и да тежи до 15 килограми.

Погледнете како изгледала фаталната средба на семејството со змијата: