Кочан не се појавил во затворот Идризово

233

Бизнисменот Сеад Кочан утрово не се појавил во затвор за издржување на казната.

Директорот на затворот „Идризово“, Боби Мојсоски, за „360 Степени“ вели дека сабајлево уште во осум часот испратиле допис до Кривичниот суд дека лицето не е јавено на издржување казна. Тука запираат надлежностите на затворот, вели Мојсоски.

Од Кривичниот суд пак велат дека Кочан дури утринава го примил решението за издржување затворска казна.

Вчера судот соопшти дека Кривичниот совет донел одлука со која се одбива жалбата на бизнименот Сеад Кочан и тој како осудено лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. Кочан првично беше осуден на шест години затвор, а Апелација му ја намали казната на четири години и осум месеци. Тој е осуден во предметот „Труст“ за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ.