Ако во минатото причина за гостување на големи клубови во „градот на конзулите“ беше Пелистер, овој пат тоа е тимот кој минатата сезона конечно успеа да го „разбие“ скопскиот двоец и да излезе пред Металург во трката кој ќе се најде веднаш зад неприкосновениот Вардар. Вицешампионската титула на „фармацевтите“ им донесе пласман во СЕХА, а од денеска и место меѓу најдобрите во ракометна Европа.
Еурофарм Работник е шестиот македонски клуб кој ќе настапува во Лигата на шампионите по создавањето на овој формат, по Борец, Јафа, Вардар, Металург и Пелистер. Рекордер во настапи во најквалитетното европско натпреварување е актуелниот европски првак е Вардар (12 сезони), по што следуваат Металург (10 сезони), Пелистер (пет сезони) и Јафа и Борец, кои настапуваа по една сезона.
Со приемот на битолскиот тим челниците на ЛШ воедно го враќаат натпреварувањето во местото каде што во 1993 година се одигра и првиот меч од новиот формат и тоа помеѓу Пелистер и Пивоварна Лашко во салата која сега го носи името „Боро Чурлевски“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















