ОТКРИЕНО ШТО ГО ПРЕДИЗВИКУВА РАКОТ? – ИСТРАЖУВАЊЕ КОЕ ГО ШОКИРАШЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ!

298

Повеќето тумори не се резултат на нездрав начин на живот и лошата исхрана, или пак резултат на генетско наследство. Луѓето кои страдаат од рак, немале среќа, покажува една нова студија на американски научници кои дошле до заклучок дека две третини од туморите се ојавиле како резултат на коинциденција.

Само една трерина од туморите настанува како резултат на животните фактори: средината во која живееме, начинот на живот или генетско наследство. Сепак, научниците предупредуваат дека неквалитетниот начин на живот може да влијае.

Колку повеќе се делат клетките, толку е поголема веројатноста генетскиот код да се наруши, односно да дојде до грешка.

– Сите видови рак се предизвикани поради несреќни околности, околината и наследство, рекол професорот Берт Вогелстајн од медицинскиот Универзитет Џон Хопкинс.

– Ние откривме дека за рак на белите дробови или рака на кожата, најмногу влијае животниот стил, предупредил Берт.

Во студијата, која беше објавена во списанието „Science“ , се тврди дека единствениот ефикасен начин за борба против ракот е рано откривање на болеста, во фаза кога туморот може да се лекува и целосно да се отстрани со хируршка интервенција.

Луѓето кои и покрај лошите животни навики достигнуваат длабока старост немаат добри гени, тие едноставно имаат среќа, заклучува студијата.