Кинески воени авиони „покажувале сила” летајќи во близина на Тајван

204

Кинески воен авион „сухој Су-30“ и транспортен авион „шансји Ј-8“ на Ослободителната војска на Кина (ПЛА) прелетале над каналот Баши меѓу Тајван и Филипините во вторникот, тврди тајванското Министерство за одбрана.

„Авионот дојде од јужниот дел на кинеското копно и леташе низ каналот Баши, а потоа кон западен Пацифик”, објави тајванското Министерство за одбрана во вторникот, уверувајќи го притоа народот на Тајван да не крева паника поради инцидентот.

„Тајванската војска испрати авиони и надзорни бродови како одговор за да ја осигури безбедноста на националниот воздушен простор и територијалните води на Тајван,“ додава министерството.

Минатиот четврток Тајван одржа вежби со боева муниција за зголемување на борбената подготвеност против можна кинеска инвазија, започнувајќи неколку борбени вежби закажани за 2019 година, информираше генерал-мајорот Јех Куо-хуи за „Дипломат“.