Француските научници планираат да ги тестираат никотинските фластери на пациентите кои што имаат коронавирус меѓу кои и здравствените работници во првата борбена линија, откако истражувањето покажало дека пушачите се помалку изложени на зараза од коронавирусот.
Истражувањето направено во париската болница, сугерира дека супстанциите во чадот, а можеби и никотинот, потенцијално можат да спречат луѓето кои што пушат да се заразат од Ковид-19, пренесува „Guardian“.
Клиничките испитувања на никотинските фластери чекаат одобрување од француските здравствени власти. Научниците сепак инсистираат да потсетат дека пушењето има и свои ризици, по здравјето и убива речиси 50 отсто од пушачите.

Иако никотинот можеби може да ги заштити некои од луѓето, кај пушачите кои што се заразени од коронавирусот често се развиваат сериозни сиптоми поради токсичните дејства на чадот кој го вдишуваат во белите дробови, велат тие.
Експертите во болницата Pitié-Salpêtrière испитувале 480 пациенти кои што биле позитивни на вирусот, од кои 350 хоспитализирани, додека останатиот дел од нив со полесни симптоми. Утврдено било дека од нив само 4.4 отсто биле пушачи.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)













