Кинески научници предупредуваат на поагресивни видови на коронавирусот

655

Патогензата на болеста Covid-19 може да варира во зависност до сојот на неговиот патоген, односно коранвирусот SARS-CoV-3, откриваат истражувачите од Универзитетот Жеџијанг, чија студија е објавена на порталот MedRxiv.

Научниците проучувале примероци од разни мутации на коронавирусот од 11 случајно избрани пациенти од Хангџу и анализирале колку брзи различните видови навлегуваат во човечките клетки и ги уништуваат.

Притоа, најагресивните мутации се покажале исти како оние во Италија и во Шпанија, а помалку активните биле идентични на оние коишто најчесто се откриваат во САД, особено во државата Вашингтон.

Во меѓувреме, весникот The New York Times, повикувајќи се на Харм ван Бакел, генетичар од Медицинскиот факутлтет Икан, пренесува дека повеќето случаи на инфекции со коронавирусот во Њујорк, кој стана епицентарот на заразата во САД, потекнувале токму од Европа. До сличен заклучок дошла и групата научниците од Медицинскиот факултет при Универзитетот Њујорк.

Авторите на студијата на Универзитетот Жеџијанг тврдат дека се првите кои докажале оти мутацијата на коронавирусот може да доведе до промена на патогенезата на болеста. Според нив, најагресивните соеви на предизвикувачот на Covid-19 можат да достигнат за 270 пати поголемо вирусно оптоварување отколку најслабите соеви.

Истражувачите, исто така, предупредуваат дека послабите мутации на коронавирусот не значат и намален ризик од смртен исход од болеста којашто ја предизвикуваат кај сите групи луѓе. Така, двајца пациенти во Жеџијанг, на околу 30 и 50-годишна возраст, биле заразени со вирус со слаби мутации, по што болеста кај секој од нив минала тешко. На крајот и двајцата се опоравиле, но повозрасниот пациент морал да биде на интензина нега.