Куркумата е едно од најздравите и најлековитите растенија на светот, а често ја нарекуваат и чудо на природата. Куркумата е азиски зачин со впечатливо жолта боја и има голем распон на здравствени предности кои што ги нуди.
Таа ефикасно делува против вируси, бактерии и најтешките болести. Куркумата содржи куркумин, кој што важи за моќен антиоксиданс и одличен природен аналгетик. Таа исто така содржи витамин B6 и B3, фолна киселина, како и минералите калиум, железо и манган.

Таа го обновува и чисти џигерот, ги ублажува менструалните болки како и воспаленијата. Ја стимулира и работата на метаболизмот, го регулира крвниот притисок и нивото на холестерол, го редуцира растот на новите крвни садови во сите тумори и метастази.
Дневната количина куркума која што се препорачува да се внесува е од 3 до 10 грама, односно една супена лажица.
Чај од куркума:
– ¼ супена лажица куркума;
– 1 шолја топла вода;
– половина сок од цеден лимон;
– прстофат цимет;
– малку мед;
– 1 супена лажица кокосово масло.

Подготовка:
Откако ќе ја загреете водата, додадете куркума, лимонов сок и мед, па кокосовото масло и добро промешајте. Куркумата ќе се спушти на дното од шолјата така што и понатаму ќе треба да мешате додека ја пиете, па така ќе ги искористите сите предности на овој зачин. Погрижете се да го испиете сето тоа додека е топло.

![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-218x150.webp)















![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)








![[ФОТО] Силно невреме во Дојран, граѓаните да пријават штети](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/JNR2f-752497600-122137003053034092-8851586052776413116-n-100x70.webp)

