Ова е листата на производи што ги топат масните наслаги навечер: Докторите направиле точен список!

39

Изгледа дека доцните оброци и не се толку лоши, секако, ако знаете што да одберете за доцна вечера. Научниците велат дека одредени производи можат да ви помогнат да ослабите кога ги јадете доцна навечер, бидејќи навечер ги топат килограмите!

Имено, научниците од Универзитетот во Флорида тврдат дека 30 грама протеини 30 минути пред спиење имаат и тоа како добар ефект на линијата!

Меѓу првите производи што ги навеле како добри за пред спиење е германското сирење. Богато е со протеини и калциум, кој е особено важен за постарите луѓе. Сепак напоменуваат да не купувате нискомасно сирење, бидејќи млечната маст ги зајакнува крвните садови и срцето и помага да ги изгубите масните наслаги.

Второто почесно место на листата „добри ноќни намрници“ го заземаат јаткастите плодови, поточно бадемите и лешниците. Точно е дека се многу калорични, но нема да изедете полна чинија, туку најмногу една шака. Докторите советуваат да грицкате јаткасти плодови што почесто ако сакате да ја зачувате фит-формата.

Иако сите јаткасти плодови се богати со протеини, нутриционистите претпочитаат лешници и бадеми, бидејќи изобилуваат со витамин Е, магнезиум и селен, за кои срцето ќе ви биде благодарно.

На трето место е моцарелата. Во 100 грама од ова вкусно сирење се содржат 6 грама протеини, 1 грам јаглехидрати, многу витамин Д, а само 100 калории.

Четвртото место им припаднало на јајцата. Иако важат за тешка храна, научниците од Флорида тврдат дека се одлични ако се јадат пред спиење. Содржат многу протеини, витамин Д и други важни нутриенти.

Тофу-сирењето се наоѓа на петтото и последно место на препорачани производи за „ноќното мени“. Содржи доволно протеини да го победи гладот, а не е многу калорично.