Карлеуша открива за разводот со Душко: Морав да му оддржам важна лекција

348

Српската пејачка Јелена Карлеуша во интервју за српските медиуми откри  детали кои ја интересираат јавноста.

Карлеуша меѓу останатото откри детали и за разводот со Душко Тошиќ.

Како што можеше да се заклучи од една нејзина објава на Инстаграм, таа и Душко не ги предале документите за развод.

-Не ги предадовме. Нека пишуваат што сакаат, како и до сега што прават. Мене тоа ме погодува исто како кога комарец ќе касне слон за најдебелото месо. Не сакам веќе да се објаснувам со никого, изјави Карлеуша.

На прашањето дека сама на себе си рекла дека претерала кога објавила соопштение, пејачката кратко одговори.

-Не претерав. Мора да го научам на памет. Јас повеќе немам години за губење. Или-или, од се ми е веќе доста во животот. Повеќе немам толеранција. За овие 44 години се изгуби сето трпение кое го имав. Меѓудругото не сакам повеќе да разговарам за Душко. Кога ќе заслужи нешто убаво да се каже за него, ќе кажам. До тогаш може да ме прашувате за љубовта кон животните, истакна Карлеуша.