Калајџиев: „По долга и неуспешна битка, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки од Советот за граѓански надзор над прислушкувањето“

516

Правните експерти Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднесоа оставки во Собранието, во телото составено од експерти од граѓански сектор, кое имаше функција да го надгледува прислушкувањето во Македонија, односно да врши надзор.

„По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе“, објави Калајџиев на својот профил на Фејсбук.

Советот за граѓански надзор беше под надлежност на Собранието, но беше дисфункционален и работеше само на хартија околу една година.