Утрово започнала полициска акција во три фирми на Јордан Камчев. Владејачката СДСМ неодамна обвинила дека две од тие фирми со 400.000 евра ја финансирале кампањата на ВМРО-ДПМНЕ на последните претседателски избори.
Како што пренесува Канал 5, полициска акција трае во фирмата “Монт”, која е дел од “Орка Холдинг” на Орце Камчев, но и во фирмата “Полиестердеј”, која била ангажирана од ВМРО-ДПМНЕ да ги печати маиците за кампањата.
Инспекторите проверуваат уште една фирма, “Горфактори” од Шпанија, за која не се знае како е поврзана со првоспоменатите фирми.

Оваа информација на Канал 5 ја потврдиле и избори од МВР, а во текот на денот се очекуваат и повеќе детали.
Оваа афера за прв пат се појави кога ревизорите ги објавија извештаите за претседателските избори, а по што СДСМ ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека незаконски ја затворила наменската сметка.
















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















