Автомобилот не се мие само за однадвор да изгледа чисто. Тоа е само еден ефект од миењето, а поентата е отстранување на нечистотијата и тоа не поради естетика, туку поради тоа што таа лошо влијае на бројни делови на возилото.
Најлош ефект од „зимската нечистотија“ има индистриската сол која се фрла по улиците. Таа има таков состав што доколку се задржи на каросеријските делови многу лесно може да предизвика корозија, односно скапување на овие делови од возилото. Еден од најдобрите начини да го заштитиме автомобилот од тоа е да го чистиме редовно.
Солта најдобро се отстранува со топла вода, која веднаш ќе ја разводни. Особено внимание обрнете на тркалата, кае најмногу се собира нечистотијата од патиштата. Гумените патосници редовно одржувајте ги, а под нив може да ставите весници кои ќе ја впиваат влагата.
Еве како најлесно да спречите замаглување на стаклата
Со доаѓањето на студените денови се појавуваат и проблемите со тешкото стартување на моторот на автомобилот, но и со утринското замаглување на стаклата. Потребно е постојано да се бришат стаклата, да се вклучува клима уредот и да се чека додека стаклото не се исуши. А тоа може да се среди на едноставен начин, за кој и не сте размислувале.
Сѐ што ви треба се еден пар чорапи и силицијски песок за мачки! Тој песок е изработен од исушен силицијски гел и благодарение на својата моќ за впивање, се користи и по цел месец при чување на мачките дома, и менувањето на песокот каде тие уринираат.