Хотелска соба која мора да ја видите во живо

221

Дали сакате адреналин? Ако потврдно кимнете со главата тогаш веројатно ќе ве интересира хотелот кој што ви го претставуваме денес.

Станува збор за „Refugio La Roca Hotel“ во колумбиските Анди кој ќе ви понуди бројни опции за сместување, но ние ви ја предложуваме таканаречената „Ritakuwa“ соба.

Овој простор нема да ви понуди само прекрасен поглед кон планините туку ќе имате можност да лежите “ни на небо ни на земја“.

View this post on Instagram

Morning vibes ??☕️ #lonelyplanet

A post shared by Ana Maria Gonzalez (@anamariiagonzalez) on

Што може да очекувате додека лежите во соба меѓу облаците?

Ќе бидете опкружени со величествените планини, железна структура, стаклени ѕидови и кров, сеакако со ваш приватен тоалет. Доколку сето ова не ве убеди, тогаш замислете си какво уживање би било да седите на балконот со кренати нозе, со погледот кон природата и сите нејзини убавини.

Секако на таа висина нема да добиете луксуз на кој можеби сте навикнати. Тука како опции ќе имате, ресторан, уживање без телевизор, во самото срце на природата.