Јованка Житарова – Јова е новиот член на големото семејство „Промостејџ“. Имено, Јова по 10-годишна пауза од музиката повторно се враќа на сцената, но овој пат во поп светот. Таа неодамна ја промовираше својата прва поп песна „Биди сама своја среќа“, во соработка со Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Ксенија Николова. Запознајте ја Јова одблизу преку нашиот краток разговор со неа.
За планираниот фидбек сè уште е рано да се зборува, колку е добра песната ќе каже публиката. Но, јас сум задоволна од она што го сработивме со Роберт Билбилов. Засега реакциите се позитивни, гледам по тоа што ми пишуваат на социјалните мрежи, а и од она колку е слушана на Јутјуб. Значи, за почеток е супер, е сега ќе видиме како ќе оди понатаму.
Да, многу. Музиката е моја прва љубов и никогаш не сум ја заборавила. Но, паузата од 10 години значеше дека во тој момент имав други приоритети во животот, пред сè мајчинството.
За мене музиката нема граница. Решив да пробам во поп водите, бидејки покрај фолкот овој стил исто така многу го сакам. А фолкот, особено старата македонска песна е дел од нашите корени, нашата традиција и никогаш нема да ја заборавам или оставам. Сега, само малку приоритетите се насочени на поинаков стил, кој исто така го сакам и сметам дека можам да дадам многу.

Секако дека има. Ова е порака до сите жени, дека може да се среќни и сами. Дека сè во животот прво зависи од личната среќа.
Тешко ли е после 10 години да се вратиш на исто место и да почнеш пак сè одново?
Да, тешко е, не во однос на пеењето туку во однос на навиката, да размислуваш како уметник. Јас ова време играв една друга животна улога, но полека полека се враќам на старите обврски, денот да ти биде исполен со правење сè во чест на музиката.

Да, како што кажав. Музиката е мојата прва љубов и тоа трае и ќе трае без оглед дали одреден период во животот сум имала други приоритети. Таа преголема љубов кон музиката ме натера целото мое образование да ѝ го посветам неа и таа да биде моја животна преокупација и професија.
Што ново да очекуваме, дали можеби веќе работите на нови песни, албум..?
Албум сè уште не пранирам, но нови песни секако. Прво да видиме како ќе помине „Биди сама своја среќа“, да ѝ дадам простор на публиката за оваа, а потоа секако ќе има и нова. Размислувам, но сè уште не сум одлучила кога и која ќе биде втората.

Намногу ме прават среќна моите дечиња Зои и Картер. Тие ми го преокупираат целото време. Но, секако дека имам време и за себе. Мојот слободен ден значи прошетка со децата, иако цело лето тоа го правевме во Охрид. Уживавме, се дружевме, се шетавме.
За крај, што ќе им порачате на сите читатели на Точка, која е Вашата девиза за насмевка и позитива?
Ќе им порачам секое утро да им почне со насмевка, па ако по утрото се познава денот, ќе значи дека цел ден ќе им помине така. Ова не е само фраза, туку јас навистина се трудам, и покрај сè, денот да го почувам со насмевка. Секако, животот е таков, некогаш и не ти е до смеење, ама јас се трудам таквите денови да се помалку. Поинаку е кога ќе си насмеан. Убаво се чувствуваш а и со розови очила гледаш сè околу тебе.

Фото: Бојан Стоилковски