Јавно му изрази љубов: Ќерката на Кили сподели приватен момент со сопругот од Еквадор (фото)

247

Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов и неговата сопруга Гордана, Јоана во месец мај се омажи во Еквадор, државата во која се пресели пред неколку години.

Мајката на Јоана, во една прилика откри во какво семејство влегува нејзината ќерка и каков зет е сопругот на неговата ќерка.

“Другари мили, фамилијата на зетот ни е традиционална и живее по сите старо еквадорски правила: многу љубов, поврзаност, многу деца, среќа е тоа што го имаат, едноставен живот. Јоана ја прифатиле како да е нивна. Им припремиле забава за младенците во нивниот стил, сестрите на зетот спремиле храна, торти и го украсиле локалот со сета љубов и грижа. Прекрасни луѓе, фала!, напиша Гордана во статусот.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Во месец јуни, Јоана и Родигез станаа родители на нивното прво дете односно момчето кое се вика Аниша Круз.

Парот ужива во својата љубов и во секој момент од заедничкиот живот. Дека се е како што треба и дека љубовта им цвета потврдуваат и последните заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Имено, Јоана објави фотографија на која се бакнува заедно со својот сопруг, а во описот на истата напиша: „Мојата љубов“.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Родригез не е и е единствена љубов, поточно таа објави фотографија и од своето синче кое има околу 3ипол месеци, а во описот на истата напиша „Мојата љубов“.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Веруваме дека Јоана и Родригез уживаат во семејната идила, а дека секој момент им е исполнет со прекрасни моменти.