Ја обновија романсата по 25 години? Беше првата и најголема љубов на Џоли

214

Актерката Анџелина Џоли (46) била „уловена“ пред зградата на поранешниот сопруг, британскиот актер Џони Ли Милер (48), а веќе почнаа шпекулациите дека двајцата ја обновиле нивната романса.

Анџелина излегла од автомобилот пред домот на Џони во квартот во Бруклин, а во едната рака имала чанта „Луј Витон“, додека во другата носела скапо шише со алкохол.

Откако била фотографирана пред неговата куќа, странските медиуми пишуваат дека покрај Џенифер Лопез и Анџелина ѝ се вратила на минатата љубов со која беше заедно пред речиси 25 години.

Славната актерка со Џони се венчаше во 1996 година кога имала само 21 година, се запознале на сет од филмот „Hackers“ во 1995 година, а шест месеци подоцна стапиле во брак.

Многумина се сеќаваат дека тогаш таа носела маица на која било испишано неговото име, но со сопствена крв:

„Тоа е човек за кој наскоро ќе се венчам, па треба малку да се жртвуваме за врската да биде што попосебна“, изјавила тогаш Анџелина.

Таа за новинарите признала дека размислувале и за можност да не се венчаат веднаш, туку само да бидат верени поради тоа што таа поради работа морала да остане во Лос Анџелес, а тој морал да се врати во Велика Британија, но сепак се венчале.

Брачната идила не траела долго, па по 18 месеци се развеле, а на бракот ставиле крај во 1999 година.

„Нема жалење, бракот не успеа, но ние останавме добри пријатели“, изјавила Анџелина тогаш.

По разводот, Анџелина се венчаше за Били Боб Торн, а потоа за Бред Пит.

Милер од 2008 година беше во брак со актерката Мишел Хикс (48) со која има 11-годишен син.