Драматичната сцена од завчерашниот натпревар помеѓу Данска и Финска го потресе целиот свет.
Имено, во текот на фудбалскиот натпревар, данскиот фудбалер Кристијан Ериксен одеднаш се сруши нa теренот, а снимките го обиколија светот.
Неговите соиграчи, но и играчите од противничкиот тим низ солзи ги гледаа драматичните моменти и докторите кои се обидуваа да му помогнат, додека од трибините на терен се обиде да влезе и неговата избраничка Сабрина Квист Јeнсен, која ја задржало обезбедувањето.
Следеше борба за животот на Ериксен, која навивачите и играчите во неверување и солзи ја гледаа, но благодарение на брзата реакција на лекарите, славниот фудбалер го напушти теренот свесен, а потоа беше пренесен во болница, каде продолжија со испитувањата и грижата за неговото здравје.
Меѓу бројните потресни фотографии од немилиот настан се најдоа и оние на кои е неговата избраничка, која во солзи се обидуваше да дојде до својот сопруг.
Која е Сабрина Квист Јeнсен?
Парот во 2016 година купил куќа во Хемстед, а како што претходно откриле за британските медиуми, не им било лесно да се адаптираат на новата средина.
„Мора да научите да се борите физички и ментално, но јас можам да го издржам притисокот и сите барања, затоа тоа што седум дена во неделата живеам за својата работа“, изјавил Кристијан и додал:
„Сето тоа е многу тешко за мојата девојка. Секако дека би сакал да можам да излезам во град со неа и со нашето друштво, но едноставно, тоа не се вклопува со играњето фудбал во Англија“, рекол Кристијан.
Сабрина не е една од типичните „сопруги на фудбалерите“ – таа се труди да живее мирен, семеен живот подалеку од очите на јавноста, па во медиумите ретко можеме да ја видиме, а ретки се ситуациите кога папараците успеваат да ги забележат нејзините излегувања во град со пријателите кои главно подразбираат мирни вечери во нивните омилени ресторани.
Сабрина и Кристијан ја започнале романсата во 2012 година, а пет години подоцна соопштиле во јавноста дека го очекуваат своето прво дете.
Во јуни 2018 година му посакаа добредојде на својот син, кој веднаш се стана центарот на нивниот свет, а славниот фудбалер на социјалните мрежи често споделува фотографии на кои покажува колку ужива во родителството и семејниот живот.
Парот кон крајот на минатата година со јавноста повторно сподели убави вести, кога на нивното семејство им се приклучи уште еден член.
Сабрина е родена во Данска каде завршила училиште за фризер, а потоа со Кристијан, поради неговите клупски обврски, се преселила во Лондон и започнала да работи за една модна куќа.
ФОТО: Инстаграм








![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)







![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











